Талогот од турското кафе може да го искористите за да ја разубавите кожата на вашето ливце, па и на целото тело.
Талогот со малку од кафето измешајте го со маслиново масло – две лажички и малку морска сол. Со оваа смеса измасирајте го лицето, деколтето и целото тело со кружни движења. Потоа измијте се со топла вода. Освен тоа што ќе го отстраните мртвиот слој на клетки, ќе ја забрзате циркулацијтата на целото тело. Тоа ќе ја направи вашата кожа идеално мека.

