Здраво тело

План за да престанете со пушење

Околу 60 проценти од пушачите за време на новогодишните празници посакуваат да престанат да пушат. Престанување со пушење е огромен проблем кој на малкумина им успеал а тие истите никога повеќе да не се вратиле на цигарата. Статистиката покажува дека луѓето престануваат да пушат доколку само 6 до 8 пати пред тоа се обиделе да престанат да пушат.

Доколку сте еден од тие кои сакаат да се обидат да престанат да пушат прочитајте ги следните совети на експертите.

Кажете им на другите дека престанувате со пушењето цигари( тешко е да се погази зборот, кога тогаш ќе ви се врати )

Испланирајте ги скоро сите активности во минута, како не би мислеле на цигарите.

Ако не можете да пиете кафе без цигара, тогаш пијте чај барем во првата недела од престанувањето.

Имајте повеќе физички активности.

Читајте за штетните последици од пушењето.

Избегнувајте алкохол.

Не излегувајте во друштво во кое се пуши, не барем во првите 2 недели.

Јадете здраво.

Спијте минимум осум часа.

Write A Comment