Фотошопот не единствен начин да изгледате помалдо. Свежиот и малдалачки изглед може да се постигне со правилно шминкање. Ако користите премногу препарати може да направат да изгледате постаро отколку што сте. Важен е квалитетот, а не каванититетот на прапаратите кои ги употребувате.
Ако под очите имате темни кругови или дамки од сонце, ставете малку коректор, но само на потемнетите делови од кожата. Што повеќе природна кожа, толку ќе изгледате помладо, советуваат експертите.
Нека свети кожата
Тонираните креми со светлечки честички или лесна пудра се најдобро решение за проблематична кожа. За разлика од густата пудра која ги затвара порите и кожата ја прави значително постара, лесната пудра со светлечки честички дава илузија на кожа која блеска. За нанесување пудра користете сунгерче за пудра или четка. На крај може да додадете пудра во прав.
Отворете очи
Виткач за трепки, светликава сенка, маскара и моливче за веѓи можат да ве направат значително помлади. Виткањето трепки и светликавата сенка се најлесен начин очите да ви исгледаат покрупно, а со тоа да изгледате помладо.
Розевите нијанси подмладуваат
Сјај на кожата и матирани бронзери не изгледаат добро на кожа, бидејќи го прават вашето лице да изгледа постаро, исушено и изморено. Пробајте сјај, како и розево руменило. Оваа комбинација им прилега на сите нијанси на кожа и значително го освежува изгледот.
Истакнете ја формата на усната
Природната форма на вашите усни со годините почнува да бледее, заради тоа карминот често не останува каде што би требало. Исцртајте ги усните со моливче на тој начин карминот ќе остане на место.
