Celebrity

Погина каскадерот на Силвестeр Сталоне!

За време на снимањето на вториот дел од високобуџетниот американски филм „Платеници“ во кој глумат Силвестер Сталоне и Џејсон Статам, во Бугарија погинал еден каскадер, а друг бил тешко повреден.

Инцидентот се случил на езерото Огњаново, во местото Елин Пелин кое се наоѓа во близина на Софија. За сцената, во која учествувале двајца каскадери, требало да се симулира експлозија на гумен чамец.

Погинатиот каскадер е кинески граѓанин, а повредениот е американски државјанин со кинеско потекло, се соопштува од бугарското Министерство за внатрешни работи.

Напиши коментар