← НАЗАД НА БОЗА

Погледнете како изгледа и ќе знаете каков е во кревет:)

Погледнете како изгледа и ќе знаете каков е во кревет:)
1352 Читања

Се прашувате дали овој маж е добар во креветот? И ние немаме никаква претстава, но ако следнава научна анализа е точна, тогаш најверојатно не е.

Ако некогаш сте се чуделе дали постојат некои надворешни белези, по кои ќе го препознаете добриот љубовник и сте се загледувале во големината на неговиот нос, стапалата, прстите на рацете или пак нешто друго…пренасочете го вашето внимание на…неговата фигура како целина.

Специјалистите утврдија дека повеќето килограми влијаат негативно на сексуалната моќ на мажите. Според нив дебелите мажи почесто страдаат од еректилна дисфункција и се позагрозени од импотентност, отколку оние со нормална телесна тежина.

Но ова не е се – дебелината кај мажите го зголемува ризикот од заболување на репродуктивниот систем. Во рамките на ова испитување биле вкључени 287 мажи, а резултатите биле недвосмислени – дебелите мажи средно три пати повеќе страдаат од рак на простата. Според експертите ова може да се должи на хормонални потешкотии и пониско ниво на тестостерон кај овие мажи, кое е директно поврзано со сексуалната желба и нагон кај мажот. Колку помалку тестостерон, толку помала желба за секс. И не само желба туку и способност.

Е, се разбира дека секое правило има искључоци, а и не мал број дами ги претпочитаат покрупните мажи, но кој знае, понекогаш и науката може би е во право…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk