Начинот на исхрана е најважниот аспект кога се работи за здравјето. Еве
неколку совети кои можеби се разликуваат од вашите секојдневни рутини, а сепак можат многу да ви помогнат.
Неколку вештачки додатоци не штетат
Најчесто ги занемарување храните кои содржат витамин D, кој е есенцијален за имунолошкиот систем и здравјето на коските. Затоа можеби и нема да ви штети повремено дополнување на потребите од витамин D.
„Без маснотии“ е добро?

Помислете уште еднаш. Некои масти се секако лоши за здравјето, но никако не смееме целосно да ги исфрлиме мастите од нашата исхрана. Прженото свинско месо е полно со масти, но особено квалитетни масти содржи рибата, и таа треба многу често да се наоѓа на секојдневното мени.
Една жолчка дневно

Најздравиот дел од јајцето е сепак жолчката. Белката од јајцето е чист протеин, додека жолчката содржи витамини, аминокиселини – особено холин кој е неопходен за клеточните мембрани, особено на мозокот.
Различни култури – различни кујни

Секоја кујна се разликува со посебни и особено интересни комбинации. Ориенталните кујни содржат повеќе различни состојки, како и пробиотички компоненти – бактерии кои ја подобруваат апсорпцијата на одредени протеини и минерали.
Не го заборавајте компирот

Компирите имаат многу позитивни карактеристики. Особено се богати со јаглехидрати и калиум, и имаат способност да го намалуваат високиот крвен притисок. Калиумот го намалува крвниот притисок со тоа што „му кажува“ на бубрезите да го исфрлат вишокот натриум од телото.
Циметот не е само за во колачиња

Овој сладок зачин се додава во колачи, кафе, чај и палачинки. Но има повеќе намени од само сладок зачин. Циметот помага да се намали нивото на шеќер, холестерол и триглицериди во крвта.
Здрав појадок!!!
Појадокот помага да се стартува денот, и исто така влијае на гладот во текот на денот. Ако редовно јадеме појадок, ќе имаме подобра контрола на потребите за храна преку ден и нема да се прејадуваме – ќе го намалиме факторот одговорен за здебелување.
Промена на животниот стил, не диета
Многу дебели луѓе не ослабеле и покрај постојани диети. За слабеење се многу поважни начинот на исхрана и квалитетот на храната одошто рестрикција на храна.
Глад или жед?
Многу луѓе ги мешаат чувството за глад и жед, одлучувајќи да јадат кога само имаат потреба од чаша обична вода. Јадењето се прави по автоматизам, а пиењето вода е помалку досадно. Кога ќе почувствувате глад, напијте се чаша вода и почекајте 15 минути. Ако сте сеуште гладни тогаш јадете.
Чаша црвено вино за здравје
Луѓето кои практикуваат една чаша вино во денот се генерално послаби и имаат помалку маснотии околу половината. Пиењето алкохол привремено го забрзува метаболизмот, додека прекумерното консумирање алкохол е штетно, го зголемува гладот.
