Celebrity

Последната песна на легендарната P.E.M

Светски популарната група им ја подари на своите фанови последната студиска снимка, баладата „We All Go Back to Where We Belong“.

На сајтот од списанието „Rolling Stones“ е објавена песната која членовите на групата Р.Е.М. ја снимиле во јули, кога се шушкаше дека е можно да снимаат нов албум. Сепак, од тоа не излезе ништо. Последнава балада многу потсетува на песните од нивниот албум од 2001 година наречен „Reveal“.

–        Песната звучи како одјавна шпица од некој филм со среќен крај во кој главните јунаци прегрнати живеат среќно засекогаш. Како што ѝ се ближи крајот на песната Мајкл Стајп пее „is this really what you want?“ и колку и сите да сакаме одговорот да биде „не“, од самиот глас на пејачот може да се насети дека крајот е сосема блиску. Многу емоции се во прашање во песната, – пишува во списанието.

Заедно со уште две досега необјавени песни, синглот „We All Go Back to Where We Belong“ ќе се најде на компилацијата од 40 најголеми хитови на групата која ќе биде објавена на 15-ти Ноември.

Еве како звучи песната за збогум на Р.Е.М.:

Напиши коментар