Celebrity

Последните денови на Едгар Алан По на филм!

Објавен е првиот официјален трејлер за филмот „The Raven“ – филм во кој се обработени последните денови од животот на еден од најголемите поети на сите времиња, Едгар Алан По.

Филмот симболично го носи називот по најпозната песна на По – „The Raven“ (Гарванот).

Во филмот ќе можат да се видат последните денови од животот на По, кои тој ги поминува бркајќи еден изопачен сериски убиец. Неговите убиства се огледани во песните на По.

Во главните улоги се: Џон Гусак (Едгар Алан По), Алис Ив и Лук Еванс. Сценаристи на ова филмско остварување се Бен Ливингстон и Хана Шекспир, додека пак, режисер е Џејмс Мектиг.

Погледнете го и трејлерот:

Напиши коментар