Мојата кујна

Послужете и појадок во кревет на партнерката

Искористете ги овие празнични денови и посветете му поголемо внимание на партнерот. Слободните утра може да бидат искористени на вистински начин. Сé нека започне со еден појадок во кревет. Еве еден едноставен рецепт. Ова може да го подготват и мажите на своите партнерки, толку е едноставно.

Парчињата леб издлабете ги со чаша. Извадете го мекиот дел од лебот.

Измешајте малку млеко, три јајца, една лажица пармезан, сол, бибер и табаско сос.

Секое лебче потопете го во смесата и ставете го да се пржи. Во секоја од вдлабнатините ставете по едно цело јајце. Одозгора може и да ставите малку исецкан магдонос. Пржете од двете страни. По желба може да ставите одозгора и малку изрендан кашкавал.

 

Write A Comment