← НАЗАД НА БОЗА

Постојат ли недостижни жени???

Постојат ли недостижни жени???
1444 Читања

Жените глумат дека се недостижни за да утврдат колку нивниот потенцијален партнер е способен да им помогне при одгледувањето деца.

Научниците веруваат дека женките од сите животински видови применуваат најразлични техники да ги принудат мажите, да се докажат како подостојни од своите ривали.

Сепак ова функционира само во средини каде бројот на мажите е значително поголем и каде постојат различни типови на мажи. Во културите каде мажите се грижливи или пак каде што не се инволвирани во одгледувањето на потомството, примената на техника е излишна, покажа истражувањето на научниците од бристолскиот универзитет.

Професорот Џон Мек Намара, еден од авторите на студијата верува дека срамежливоста и корисноста се поврзани.

„Колку жените се посрамежливи, толку мажите се погрижливи. Колку мажите се погрижливи, толку жените стануваат посрамежливи. Ова функционира само во средини каде постои микс од грижливи и мажи кои не се грижат. Доколку мажите во средината се слични, тогаш оваа женска техника е помалку ефективна“, вели Мек Намера.

Професорот вели дека овие правила, освен за животните важат и за луѓето.

„Жените ја користат срамежливоста за да видат како мажите реагираат во различни ситуации. Оваа техника им помага при избор на нивниот партнер. Сепак постојат и мажи кои успеваат да ја прелажат жената и да ја натераат да верува оти тие се грижливи и корисни“, вели Мек Намера.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk