Проширена и унапредена верзија од албумот “L.A. Woman” ќе се издаде на почетокот на наредната година.
Преостанатите членови на легендарната група Doors планираат да го издадат албумот “L.A. Woman” од 1971 година, но овој пат како проширена верзија.
„Пронајдовме голем број снимки, кои заборавивме дека постојат, тоа е нормално, кога во еден период снимаш многу песни, а не ги употребуваш. Сепак интересно е сега да ги чуеме песните како ќе се развијат“, изјавил гитаристот на бендот Роби Кригер.
До сега Роби Кригер и Реј Манзарек ги свиреа песните на Doors, со пеачот Иан Астбури од групата The Cult и Брент Скалионс од групата Fuel, но сега планираат да снимаат и нови материјали.

