Celebrity

Пред Мики Маус беше…

Најпрво, името на овој Дизниев јунак беше зајакот Освалд.

Пред некој ден е пронајден анимиран филм на Волт Дизни од 1928 година со име „Hungry hobos“ кој изчезнал за време на Втората светска војна. На цртанот се гледа нам многу добро познатото лице, но со зајачки уши. Претходник на познатиот Мики Маус е Освалд, веселиот зајак.

Волт Дизни направил 26 анимирани филмови со Освалд и тоа пред да ја основа својата компанија и да го претвори зајакот во глушец. Карактеристиките и особините на Освалд се пренесени и кај Мики Маус, лик кој го сакаме и знаеме веќе 80 години.

Овој цртан трае 5 минути и пронајден е во архивата на компанијата „Хантли филм“, каде се наоѓал со децении, но никој не знаел.

Експерти тврдат дека цената на овој класик би била околу 25.000 фунти, или барем тоа е почетната цена која ќе се понуди на аукцијата која ќе се одржи на 14-ти Декември во Лос Анџелес.

Напиши коментар