Имате уште една недела до новогодишната ноќ, а вие треба да изгледате величествено за да ја потврдите посебноста на најлудата ноќ во годината. Пред вас се неколку битни совети како во рок од една недела успеете да изгледате прекрасно за време на новогодишната забава
Пилинг на лице и тело
Пилингот на лицето и телото ќе ви ја врати свежината и еластичноста на кожата, а ан тој начин ќе ја спремите за шминката која ќе биде неизбежен дел од вашиот аутфит.
Десетминутно вежбање
Последната недела од овааа година може и ќе ви биде и најнапорната. Но доколку сакате свеж изгледа ќе морате да одвоите барем десетина минути од денот за вежбање. На тој начин ќе го подобрите тонусот на вашето тело.
Лосиoн за тело
Секој ден третирајте го телото со млеко или лосион за тело кој најмногу ви одговара на вашата кожа. Во последната недела од годинава тоа нека биде интензивно и тоа најмалку 2 пати дневно. Експертите гарантираат прекрасен тен и нежност.
Повеќе Вода
Дајте му свежина на вашето тело. Ладните температури не дозволуваат да пиете вода во оние количини кои се потребни за правилно функционирање на метаболизмот. Неделава која престои пијте повеќе течности, топли чаеви млеко и сокови.
Хидратантна маска
Веднаш набавете хидратантна маска за лице и коса. На секои 2 дена ставате од маската за лице, а маската на косата на секои 3 дена. Ќе бидете воодушевени од резултатите.
Бели заби
Доколку сте во можност избелете ги забите или купете паста за белење на заби. Доколку не сте во можност искористете го она што вие достапно во домот. Малку сода-бикарбона на четката за заби и нежно поминете ги забите пред легнување.
Мала диета
Бидете разумни со оброците, внимавајте на количината на храната која ја внесувате. Пијте повеќе течност помалку јадете. Искочете движете се , разгледајте по излози, тоа ќе ви помогне да се ослободите од стресот а да изгубите некоја калорија повеќе.
Доколку сакате навистина да бидете тип топ за новогодишната ноќ, бидете малку упорни а упорноста се исплаќа. И среќно до нова година!!!
