After Midnight

Препознајте го лошиот кандидат за долга врска

Искуството и годините не учат да ги распознаваме различните типови мажи. Ние жените сме сите различни и бараме различен тип мажи. Кашата станува уште поголема и поради фактот, дека во секоја наредна животна фаза ние имаме потреба од поинаква врска. Сето ова само ни ја отежнува работата, но затоа видете кои се основните типови мажи, со кои треба да бидеме претпазливи:

Мажите кои лесно и брзо се вљубуваат. Колбу брзо се запалил, толку брзо може и да згасне интересот кон вас. Држете се на дистанца и оставете времето да покаже дали е тоа љубов или моментална страст.

Егоистот. Тој мисли прво за себе си, а потоа за жената до него. Дури и да те засака, тоа ќе биде на неговиот егоистичен начин и ако си девојка со големо срце, често ќе бидеш повредувана.

Вечниот женкар изгледа многу добро и тоа му ги олеснува успесите. Ќе го распознаеш по  отсуството на реална заинтересираност – не слуша внимателно што му зборуваш, заборава што сте се договориле…

Оние мажи со кои имате големи разлики во гледните точки и животен избор. Тој може и да не е лош човек, но едноставно не е з тебе. Ваквите врски се осудени на пропаст.

Ако твојот човек е од групата на „опасните мажи“ тоа не е гаранција дека не можете да создадете стабилна врска. Но сепак – има мажи, кои треба да ги избегнуваме. Нека секоја од нас прецени, кои се оние машки примероци  кои треба да ги избегнува. Повеќето од нас ја имале таа несреќа да запознаат еден од тие мажи.

Write A Comment