Ова е доста инетересен предлог за сите оние кои се несекојдневни и кои трагаат по различното. Со овој предлог со сигурност ќе се издвоите од масата која ги прати трендовите.
Сега веќе може да имате и вести на вашите нокти. Сè што ви е потребно е:
1 мала чаша
чист алкохол или вотка
10 ленти од весник, доволно големи за да го прекријат целиот нокт
лак за нокти кој ќе биде во пастелна боја
еленска кожа
Постапка:
Налакирајте ги ноктите и оставете ги нека се исушат убаво. Кога ќе бидете сигурни дека се суви исполирајте ги со еленска кожа. Потоа ставете ги во чашата со алкохолот или вотката. Веднаш ставете го парчето весник и цврсто притиснете. Држете 30 секунди. Целиот принт ќе го имате на ноктот.
