Професијата и работното место може да нанесат непоправливи штети во интимниот живот на мажите, но во исто време ни откриваат некои од карактерните навики во сексот , тврдат експертите.
Професијата директно влијае на машката сексуалност. Луѓето од светот на политиката не одат рака за рака со интимноста. Често се склони да имаат многу жени за кратко време. Го сакаат брзиот секс – дури скоро без соблекување. Поради својата изразена комуникативност и активност лесно ги ловат дамите. И покрај тоа што многу брзо ги добиваат жените, мажите со такви професии не се од најиздржливите љубовници.
Работниците, мајсторите, оние кои работат на отворено, се заплашени од здравствени проблеми, па поради тоа и недоволна желба и енергија.
Мажите правници, психолози и лекари, се особено внимателни како во својата професија, така и под чаршафите. Никогаш не забораваат на безбедниот секс, со цел да се предпазат од несакани последици. Претставниците на посиниот пол кои работат во овие сфери, се плашат од отфрлање. Овие мажи скоро никогаш не преземаат иницијатива, а во креветот се нежни и внимателни.
Инжинерите, пилотите и оние што се бават со финансии, се склони да ја оценат стабилноста на партнерството, но често се однесуваат кон сексот како обична физиолошка потреба. Кај нив скоро секогаш недостасува спонтаност.
Спортистите, полицајците и војниците не разбираат што е тоа флерт. Секој женски сигнал го прифаќаат како интимна покана.
Новинарите, актерите и учителите, се интересираат од слава, признание, восхитување – вклучително и во креветот. Кога зборуваат за нивниот успех представен во бројки, да знете дека преувеличуваат. Не сакаат обичен секс, бараат нешто нетипично и ново.