Celebrity

Пропеа братот на Ријана! Сите станаа таленти

Помалиот брат на Ријана, Рореј Фенти, чие уметничко име е GQ, тргна по чекорите на сестра си, но со малку потврд звук.

Додека Ријана комбинира R&B со поп музика, нејзиниот брат пее хип хоп. Ријана решила да го промовира својот брат, па на својот Твитер профил, каде има 9,5 милиони следбеници, ја препорачала младата ѕвезда која заслужува да се слушне.

Рореј (22) неодамна го издаде и својот прв сингл со наслов „Feel Me“, а светските музички списанија му предвидуваат добра иднина, но само ако успее да излезе од сенката на својата планетарно позната сестра.

httpv://www.youtube.com/watch?v=T1GY5s6VNPY&

Write A Comment