Celebrity

Раде Шербеџија во продолжението на филмот „Taken“

Овој актер ќе го игра негативецот кој бара одмазда во продолжението на блокбастерот на режисерот Оливие Мегатон.

Раде Шербеџија и официјално ќе биде дел од вториот дел на „Taken“ кој ќе започне да се снима кон крајот на овој месец во Турција и Франција.

Според холивудските медиуми, Шербеџија ќе го глуми Мурад, татко на киднаперот кој во првиот дел беше убиен од ликот кој го глумеше Лиам Нисон. Мурад има голема желба за одмазда и постојано издава наредби, но самиот не ги почитува. Во филмот, Мурад ги киднапира Брајан Милс (Лиам Нисон) и жена му, а нивната ќерка решава да ги спаси.

Филмот треба да се појави во светските кина во октомври 2012 година, а во него глумат уште и Фемк Џенсен и Меги Грејс. Режисерот е истиот виновник од првиот дел.

Продуцент на филмот е францускиот автор Лик Бесон, кој заедно со Роберт Марк Камен го напиша сценарото на филмот.

Напиши коментар