Sweet Home

Разнобојни тоалети – разбудете ја детската фантазија

Овие мали бањи за деца се прекрасна идеја за уредување на детските градинки и училишта, но и за во домот. Имагинативни, шарени и игриви, децата ќе ги обожаваат.

Заоблените форми, смели бои и мотиви од животинско и растително царство даваат чувство на фантазија и разиграност, што создава совршена средина во која децата можат да се забавуваат додека учат за хигиената.

Централно место зазема мијалникот кој е во форма на цвет во прекрасни бои. Тука се керамичките полици во облик на облаци и кружните огледала кои одењето во тоалет ќе го направат детска игра.

Write A Comment