Пивото може да ви помогне во домашните третмани за убавина. Освен тоа што може да го пиете, може и да направите маска која ќе ја направи вашата кожа идеална.
Пивото може да ви помогне и ако имате проблем со интензивно потење. Ставете едно шише пиво во када полна со вода. Уживајте во топлата вода 15 мин. Пивото го регулира работењето на потните жлезди.
Одлична маска за лице – 1 dcl пиво измешајте го со една жолчка, 2 капки есенцијално масло од бадем и една лажица зобна каша. Оваа маска нанесете ја на лицето и оставете нека делува 15 минути. Потоа измијте се со топла, па ладна вода. Нанесете крема.
Маска против брчки – една белка и една лажица пиво. Изматете ја смесата и нанесете ја на лицето. Оставете ја 10 минути а потоа измијте се. Оваа маска ја спречува појавата на брчки на лицето и вратот.
