Ребека Блек издаде нов сингл. Иако со ред, сите медиуми и критичари плукаат по неа, младата богаташка никако не се откажува од желбата да се прослави и успее во светот на музиката.
По песните „Friday“ и „My Moment“, стигна време и за синглот „Person of Interest“. Песната звучи баш онака како што сите би очекувале, а текстот го слави кокетирањето на подиумот. И музичкото видео е готово, па погледнете што има да понуди овој катастрофа од глас, но со силна, и да не речам, челична волја да биде пејачка:
httpv://www.youtube.com/watch?v=ljbZKQIUZvM&
