Дестинации

Рејкјавик – најдобра дестинација за 2012 година

Рејкјавик се наоѓа во Исланд, според гласовите на посетителите на Lonely Planet, е најдобра дестинација за следната година. Исланд е интересна земја со вулкани, ниски цени и светски рок-ѕвезди, па затоа не е тешко да се види зошто е прва дестинација за 2012 година. Еве што кажаагласачите за Исланд и Рејкјавик:

Исланд

“Многу пријателска и убава земја со големи можности за добар пат. Прво може да одите во бар, а потоа пливате во топлите извори. ”

“Исланд е дефинитивно најинтересна дестинација за следната година. Најинтересно искуство ќе биде зголемената вулканска активност.”

“Чудата и креативноста на природата тука се во своето најдтобро издание – недопрени од човекот…до овој момент. Жешки базени ја освежуваат душата, и буквално ќе ја забележите разликата помеѓу американската и европската убавина, геолошките плочи, глечери и вулкани. Можност да чекорите по област скоја не може да се види никаде на друго место во светот…”

 

Рејкјавик

“Има многу да понуди, а сепак не е преполн како некои други градови во Европа.”

“Ноќниот живот е легендарен, а има и многу мали ресторани и музеи кои се во непосредна близина на централното градско подрачје. За луѓето кои сакаат да избегаат од ритамот на градскиот живот постојат големи природни атракции (како на пример патот Golden Circle и вулканскиот полуостров Reikjanes) до кои брзо се стигнува.

Локацијата е одлична, само 5 часа лет од Њу Јорк, и 3 часа од Лондон “.

 

Write A Comment