Free zone

Реплика на Мерцедес од 10.000 парчиња железо

Група мажи одлучиле да направат една интересна и креативна реплика на Mercedes 300 SLR од 1955 година и тоа од купишта ѓубре.

За да биде поинтересно, делото неможе да се вози, а тие сепак го процениле на 68.000 евра.

Тројца мажи кои се љубители на автомобилите седум месеци работеле на составување на автомобилот и тоа со помош на 10.000 парчиња старо железо.

Оригиналнот автомобил во 1995 година бил тестиран и можел да развие брзина од 290 km/h, па така бил најбрзиот автомобил на светот, а Мерцедес го немаат ставено во производство.

Сметан за премногу брз за свое време, од него постојат само два прототипа кои се наоѓаат во музеј во Германија.

Репликата на тројцата мажи тежи околу 1000 килограми.

Write A Comment