Многумина од нас жените имаат проблем со поткожните влакна. Тоа најчесто се случува заради долгото практикување на одреден вид на депилација. За да не дојде до тоа, потребно е понекогаш да го смените типот на депилација.
Исто така важно е пред депилацијата да направите пилинг на кожата, за да може полесно да се отстранат влакната.
Пилингот направете го со маслиново масло и шеќер. Масирајте се додека кожата благо не поцрвени. Или пак намокрете ја кожата и измасирајте ја со сол.
Доколку веќе е дојдено до појавата – поткожни влакна тогаш намачкајте се со коњска маст, која одлично ги вади влакната кои се под кожата и не може да избијат.
