Многу бои и разновидни дезени, на моменти искомбинирани така што очите се замараат – тоа се моделите кратко кажано. И многу ретро. Сето тоа е усогласено со спортски чевли и ја прави целата линија младежка, доста смела и многу забавна.
Прави впечаток тоа што панталоните се поширики во горниот дел, отколку во долниот, тенденција што се забележува во колекциите на повеќе дизајнери. Има јасен контраст меѓу таа кројка и доста прибраните и исчистени како силуета џемпери, сакоа и вратоврски.










