Како повеќето модни тенденции, така и шминката од 50-те повторно е во мода. Не само долгите фустани и мачкестите сончеви очила и шминката од тоа време привлекува се повеќе и повеќе следбенички.
Ако ја одберете шминката од 50-те ќе изгледате просто привлечни, но во исто време ќе манифестирате уникатност во стилот.
Појава на фотографија во боја и кино материјали всушност е причината за големата популарност на шминката во 50-те години. Филмските ѕвезди започнуваат да употребуваат тешка шминка со цел да ги прикријат недостатоците по лицето. Во еден момент жените започнуваат да ги гледаат перфектните лица на своите омилени ѕвезди и сосема нормално се обидуваат да наликуваат како нив.

Сега со помошта на разни козметички производи е сосема лесно да се копира таквата шминка. Најпрво изберете тиркизни сенки за очи кои биле вистинска манија во 50-те.

Нанесете кармин со боја на цреша. Оваа боја е задолжителна за ретро шминка, кон која се стремиме.

За дополнителен ефект може да изберете иста ваква боја за вашиот маникир.

Дебелата линија на горниот очен капак е основно правило за овој тип шминка која лесно се прави со помош на туш во црна боја. После ова следи неколку слоја маскара на трепките со што шминката е комплентна.

Фотографија на филмска ѕвезда од тоа време би ви била од голема полза ако решите да си направите шминка од 50-те. Некои современи холивудски убавици како Кристина Агилера, Дита фон Тијз и Кејти Пери исто го избрале овој вид на шминка




