Celebrity

Ријана, Гага и Кеша дискриминирани!

Ријана, Кеша и Лејди Гага кои имаат светски познати поп хитови нема да бидат номинирани во категоријата Денс на 54-тите Греми награди. Академијата, исто така решила да ги заобиколи и Бритни Спирс и Џенифер Лопез.

Инаку, Ријана и Гага ја имаат добиено оваа награда во изминативе три години по ред, една по друга, но овој пат задолжените за номинации решиле да ги игнорираат миленичките на цел свет, со цел да се направи место за диџеите и хардкор денс песните од калапот на Афроџек, Калвин Харис и Бени Бенаси.

Иако нема официјално известување, неколку членови на Академијата ја потврдиле оваа одлука. Номинираните за Греми ќе бидат објавени на 30-ти Ноември во Нокиа театарот во Лос Анџелес. Ќе настапат неколку познати имиња од типот на Лејди Гага, Лудакрис, Ријана, Ашер и други.

Напиши коментар