Celebrity

Ријана го понижува женскиот род… па, и себе си!

Една организација која се бори против насилството врз жените ја обвини Ријана за понижување на женскиот род во спотот за песната „We Found Love“.

Оваа американска организација ги заштитува женските права. Бидејќи во спотот се прикажува употреба на дрога, секс и насилство, организацијата всушност за обвинува Ријана за создавање негативна слика за жените.

–  Новиот спот на Ријана е срамота, праќа порака дека таа е предмет кој дечкото на спотот го поседува, а тоа е она што висинските жртви на насилство го доживуваат секој ден, – изјавила Елен Кели од Центарот за помош на жртви на силување.

Ова не е прв пат Ријана да се најде на мета на некое здружение – најпрво советот на родители ја обвини за „перверзен настап“ на доделувањето на Билборд наградите, потоа за поттикнување насилство во спотот за песната „Man Down“  во кој таа го убива мажот кој ја силува, а сега и поради создавањето погрешна слика за женскиот род.

Напиши коментар