Celebrity

Ријана го собори рекордот на Мадона!

Ријана го собори рекордот на Мадона со 20 песни кои кои станале дел од „Билборд“ листата на синглови.

Од појавувањето на првиот сингл на Ријана „Pon de Replay“ пред шест години, па сè досега, дури 20 нејзини синглови станаа дел од Билборд Топ 10 листата на синглови, што е нов рекорд за еден соло изведувач.

Досега овој рекорд го држеше кралицата на поп музиката Мадона, а Ријана го собори благодарение на синглот од новиот албум „Talk That Talk“ – „We Found Love“.

Епа, секоја чест, Ријана, штом ја кутна и Мадона!

Напиши коментар