Celebrity

Ријана = секс и неморал

Пејачката од Барбадос повторно си има проблеми. Уште еднаш се најде пред копјето на острите критичари и тоа уште еднаш поради контраверзниот музички спот за најновата песна „We Found Love“.

Овој пат се работи за властите во Франција кои го забраниле емитувањето на спотот на Ријана во Франција, односно не е дозволено негово прикажување по телевизиите пред десет часот навечер. Во спотот е прикажана деструктивната љубов помеѓу Ријана и младиот боксер Дадли О’Шонеси. Парот во спотот краде, пуши, зема таблети и жестоко се кара.

Повеќето од електронските медиуми во Франција заклучиле дека тоа е премногу за тамошната младина и дозволиле емитување на видеото само во ноќната програма.

И спотот за „S & M“ беше забранет во неколку земји поради премногу сексуална содржина, а за спотот од песната „Men Down“ се побуниле многу организации кои се залагаат за човечките права и борбата против насилство.

Напиши коментар