Celebrity

Рики Мартин на Бродвеј – го глуми Че Гевара!

Познатиот пејач Рики Мартин ќе се испроба во улогата на Че Гевара во новата верзија на претставата „Евита“, која ќе се одигра на Бродвеј.

Уметничкото дело „Евита“ на авторите Ендру Лојд Вебер и Тим Рајс ќе започне да се прикажува на Бродвеј од следниот април. Рики Мартин ќе ја игра улогата на револуционерот Че Гевара, а улогата на Ева Перон ќе ѝ припадне на театарската ѕвезда Елени Роџер.

Премиерата е закажана за 5-ти Април. Мартин веќе има играно на Бродвеј, и тоа во претставата „Клетници“ во 1999 година.

Напиши коментар