Celebrity

Рики Мартин забранет за помалади од 15 години?

Една верска организација во Хондурас успеала да ја убеди тамошната влада и успеала во намерата на 15-годишните тинејџери им забрани влез на концертите на Рики Мартин.

Забраната се побарала бидејќи концертот на популарниот светски пејач се коси со пристојноста која се претпочита во земјата.

Откако во јавност се обелодени дека Рики Мартин е хомосексуалец, поп пејачот се најде на удар на разни „анти-геј“ организации, а ова е прв пат да одржувањето на концерт му се доведе во прашање.

Сепак, концертот ќе се одржи на 16-ти Октомври во градот Тегусигалпи, но на него нема да присуствуваат тинејџери помлади од 15 години. За влез на концертот ќе се бара лична карта.

Рики Мартин сеуште не изреагирал на оваа забрана за влез на неговиот концерт.

Напиши коментар