Фронтменот на групата „Green Day“, Били Џоел Армстронг им соопшти на американските медиуми дека главната улога во „Американски идиот“ сака да му ја додели на Роберт Патинсон (25).
– Тој е навистина одличен актер, и мислам дека одлично би се снашол како главен лик во филмот, – вели Армстронг.
Филмот „Американски идиот“ ќе биде адаптација на истоимениот мјузикл на групата, кој на Бродвеј го постави режисерот Мајкл Маер. Тој ќе го режира и филмот, чија премиера е предвидена за 2013 година.
Студиото „Јуниверзал“ ги откупило правата за снимање на филмот според албумот на групата од 2013 година – „American idiot“.
Седмиот студиски албум на „Green Day“ го следи антихеројот „Исус од предградието“, панкер кој се бори за слободата на Сент Џими и за револуционерката Безименка, како и нивните меѓусебни односи.