Воен пилот и сопственичка на првиот секси шоп на светот. Амбициозна бизнисменка и пионерка на сексуалната либерализација. Таа е најдобар доказ дека сексот се продава! Тоа е жената која успеа да сврти милиони.

Сè започнало во едно мало градче Фленсбург, во Западна Германија.
Освен тоа што е сопственичка на првиот секси шоп, таа била и првиот женски воен пилот.

Освен тоа што продавала секси помагала, таа го напишала и првиот прирачник за жени како да ги пресметаат своите плодни денови и како да формираат семејство. Од малата продавница успеала да развие бизнис, кој успеал да вработи илјадници луѓе. Од продажбата таа заработила 280 милиони долари и станала најголемиот извозник на производи за возрасни.

