After Midnight

Сакате да се чувствувате секси? Еве неколку трикови

Едноставни трикови кои ќе направат да се чувствувате секси…

Доколку не можете да се ослободите од идејата дека вашето тело мора да изгледа совршено и дека треба да бидете голем заводник/заводничка – еве некои едноставни трикови кои ќе ви помогнат да се чувствувате поопуштено во врска со вашиот изглед, а со самото тоа да имате и повеќе самодоверба.

Доколку не можете да се ослободите од идејата дека вашето тело мора да изгледа совршено и дека треба да бидете голем заводник/заводничка – еве некои едноставни трикови кои ќе ви помогнат да се чувствувате поопуштено во врска со вашиот изглед, а со самото тоа да имате и повеќе самодоверба во љубовните подвизи.

Употребете мали „козметички трикови„

Направете сè што можете за да го разубавите вашито изглед (се разбира, тука не мислиме на пластична операција) J

Малите козметички трикови можат да направат да се почувствувате многу подобро во сопствената кожа, а со самото тоа подобро и ќе изгледате.

Жени:

направете депилација на нозете, препоните и пазувите,

посетете маникир и педикир,

истуширајте се и секогаш имајте чиста коса,

намачкајте го телото со хранлив крем.

Не заборавајте на свежиот здив, не ставајте премногу парфем, нашминкајте се таман толку колку да се чувствувате привлечно (совет: помалку е подобро),

Одберете убава долна облека –за уште повеќе самодоверба.

Мажи:

истуширајте се и измијте ја косата,

погрижете се за свежиот здив,

избричете се за да лицето ви биде мазно,

намачкајте се со крем за тело,

ставете убав парфем, но не премногу

облечете чиста и убава долна облека (доколку немате 100% самодоверба, избегнувајте ги егзотичните модели)

Write A Comment