Убавина

Сакате коса како на Кејт Мидлтон? Еве како може да го постигнете тоа!

Кејт Мидлтон е прогласена за за икона на убавината, па многу девојки сакаат да ги дознаат таните за нејзиниот убав изглед. Овој пат ќе ви дадеме неколку совети како да ја имате фризурата на Кејт Мидлтон.

Шишање

Косата шишајте ја слоевито, но и најкраткиот слој треба да биде до рамената.

Боја

Одберете сјајна костенлива боја за коса. Таа делува природно. Сепак Кејт е дама која го преферира природниот изглед.

Третмани

Кејт практикува третмани со керотин. Побарајте во најблиската парфимерија каување кое ќе и даде живост на вашата коса.

Обликување

Нанесете средство за полесно обликување на косата. Пред да почнете да се фенирате, косата треба да ви биде 80% мокра. Започнете со фенирањето од напред, ако ова го правите дома. Сушете ја косата со округла четка слој по слој. Врвовите од косата намотајте ги на виклери со средна големина. Нема потреба да ги оставате премногу долго. Доволно, колку врвовите да се навиткаат.

Write A Comment