After Midnight

Сакате повеќе секс? Обратете внимание на следново!

Доколку сакате сексот да е позастапен во вашиот живот тогаш мора да обрнете внимание на следново.

Лекови! Мора да имате на ум дека лекарставата го намалуваат либидото, па да не ве чуди доколку земате некакви лекарства зошто желбата за секс изчезна.

Најдобар дел од денот! За некого тоа е најдобро наутро, кога е најодморен. Но, за некого ноќта е идеална за секс. Доколку двајцата партнери преферираат различен дел од денот за секс, може да почнете да практикувате два пати или ако ви е многу тогаш правете компромис од двете страни.

Домашни миленичиња! Кога имате домашни миленичиња сексот може да биде намален. Не е баш пријатно кога на сред акција вашиот миленик се качи до вас на креветот.

Храна! Постојат многу афродизијаци за кои се верува дека ќе ја зголемат вашата желба за секс. Треба само да верувате во тоа, а кога верувате делуваат.

Презервативи! Многумина сметаат дека презервативите се уништувачи на сексуалната желба. Но, доколку го изберете вистинскиот презерватив може да се случи сосем спротивното.

Технологија! Научно е докажано дека технологијата ја уништува желбата за секс. А освен тоа знае и да направи проблем кога е најубаво. Замислете телефонот да ви заѕвони токму кога на партнерот му е најубаво…

Цигари! Не треба многу да се објаснува за ова прашање. Докажано е дека цигарите и пушењето ја намалуваат желбата за секс.

Телевизија и филмови! Тие можат навистина многу да ви помогнат. На пример некој филм со еротска содржина може да ја разбуди желбата за секс, па вие да го продолжите “филмот” кој започнавте да го гледате.

Вежбање! Вежбањето и физичката активност не само што ќе ви ја зголемат кондицијата тие исто така може да направат и да се чувствувате попривлечно. А сето тоа да води кон желба за секс.

 

Напиши коментар