Мојата кујна

Салата од спанаќ и мандарини

Сите знаеме дека спанаќот е здрав, бидејќи е богат со железо, со што ја зајакнува крвта, па затоа и често гостува на нашата трпеза. Сепак, голема грешка правиме бидејќи секогаш спанаќот го консумираме преработен, во чорбеста или потпечена варијанта, и никогаш не ни паднало на памет да го јадеме свеж.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 супени лажици масло

1 супена лажица оцет балсамико

1 кафена лажичка сенф

1 кафена лажичка мед

сол и бибер (по желба)

1 кг спанаќ

1/2 филџан ’ркулци

1/4 филџан исечкани бадеми

3 исечкани ’рдокви

1 (црвен или бел) кромид

350 гр мандарини

ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад, измешајте ги заедно сите претходно исечкани состојки сè додека не се соединат. Не постои нешто попросто и повкусно, а фактот што една порција има само 93 калории навистина привлекува уште повеќе.

Уживајте во специфичниот медитерански вкус !!!

 

Write A Comment