Објавен е првиот трејлер за култниот филм „Војна на ѕвездите“ кој ќе биде прикажан во три продолженија, а првиот стигнува во светските кина во февруари, 2012 година.
„Фантомска закана 3D“ е, хронолошки по редоследот на настаните, прв дел од најновата триологија која зборува за почетоците на јунаците од „Војна на ѕвездите“. За време од три години треба да бидат готови и останатите два дела насловени како: „Нападот на клоновите“ и „Одмаздата на Сит“.
Филмот се појавува повтроно во кината по 16-годишна пауза, кога заврши последната епизода од првата триологија. Ако се забележи голема заинтересираност кај публиката, во 3D верзија ќе бидат конвертирани и сите останати епизоди.
Вака изгледа најавата:
httpv://www.youtube.com/watch?v=ak5-l0FiS8c&
