Македонското рап дуо ДНК тргна по стапките на познатите ѕвезди ширум светот кои се трудат секогаш да измислат оригинален начин, како би им ги честитате божиќните и новогодишните празници на своите обожаватели.
ДНК се решиле за рап преработка на еден од најголемите божиќни хитови „Jingle Bells“, која специјално за оваа пригода ја реаранжирал Александар Митевски.
Слушнете го и вие подарокот на Андреј и Панчо наменет само за вас:
