Celebrity

Само замислете: Алис Купер и Џони Деп заедно на филм!

Музичарот Алис Купер, кој неодамна изјави дека сака да ѝ подигне споменик на птицата на која ѝ ја одгриза главата на концертот во 1969 година, го коментираше актерот Џони Деп. Заклучил дека Џони е брилијантен и неповтролив.

Имено, повод за ова интервју е најавата за филмот на Тим Бартон „Темни сенки“, кој го ангажира Деп во скоро сите свои филмови, а сега планира тоа да го стори и со Купер. Додека Алис во филмот се игра самиот себе, Џони Деп ја има една од главните улоги.

–   Џони Деп е човек со илјада лица. За секој нов филм, наоѓа нов лик. Тоа не може да го направи никој друг актер. Неверојатен е, – биле зборовите на Алис.

Инаку, еднаш тие двајца имаат и настапено заедно. Алис го повикал Џони да засвири на гитара заедно со него на сцената.

Write A Comment