Celebrity

Самрак заработи 9 милиони долари за само еден ден прикажување!

Според првите извештаи, филмската сага „Самрак: Зазорување 1 дел“ заработил неверојатни 8,9 милиони долари само за време на првиот ден од интернационалното прикажување по кино салите.

На прво место на Бокс Офис листата по заработувачка се наоѓа Франција (3,83 милиони долари). Таму овој филм ја доживеал третата најдобра премиера годинава, веднаш по „Хари Потер“ и „Тинтин“. Следна на листата е Италија (2,3 милиони долари), а потоа изненади Австралија со 1,27 заработени миилиони долари.

Подолу на листата се наоѓаат Белгија со 768.000 долари и Шведска со 757.000 долари за време на првиот ден прикажување.

Write A Comment