Каков е вашиот сексуален живот?
Практикувате ли игри под чаршавот често или тоа се ретки прилики?
Си го знаете ли годишниот просек?
Која поза им е најдрага и за што всушност сонуваат мажите?
Многу прашања…
Спрема истражувањето на една позната марка кондоми , просечен Американец има сексуални односи 120 пати годишно, но 63% од испитаниците сметаат дека е премала бројка.
Пози
Верувале или не и мажите и жените се сложиле околу едно: омилена поза – мисионерската.

Брак и секс
Иако мажите тврдат дека немале задоволувачки сексуален живот пред влез во брак, реланоста е друга.
Самците практикуваат секс 130 пати годишно, а тие во брак 109 пати.
Но позитивна страна за оженетите, тие се позадоволни од сексуалниот живот.
Каде тоа го прават?
Сексот не е ограничен само во спална.
На прашањето кое место им е највозбудливо за секс, 48% од испитаниците биле за нивниот автомобил, додека 33% биле за креветот, но туѓиот.
33% од мажите сонуваат за секс во авион, а 26% од жените за секс на плажа.

Експериментирање
За ова мажите се покажале како понаклонети.
19% од нив признале дека праѓаат секси СМС пораки, скоро толку практикувале сајбер секс, а 18% се впуштиле во авантура со некој кој го упознале на интернет.
