After Midnight

Се врти по други жени на улица, како да реагирам?

Признајте си дека нешто внатре ве сече. Сакате да бидете единствената риба во тавчето, но тој навистина гледа по други дури и кога е со вас. Но вистината е дека луѓето се загледуваат поради редица причини, ако сакате верувајте, и најчестата од нив е љубопитството. Но вие сепак сте љубоморна. Имате свои начини како да реагирате во ваква ситуација и најчесто избирате еден од нив. Погледнете кој е нашиот избор за тоа како да реагирате во ваква ситуација и со тоа да направите добар впечаток во очите на мажот.

Навредена сте. Најчесто жените го прават имено ова. Придобивате камен израз без да дадете објаснување на кутриот маж, и тој се чуди што ли направил и со што ја заслужил ваквата физиономија. Оставете го да се поти за казна.

Реагирате бурно. Епа да, кај потемпераментните е возможно. Факт е дека на улица нема да пројдете незабележана, но пак сте си ги ослободиле чувствата и сте се ослободиле од притисокот и напнатоста. Ова не само што е добро за здравјето туку е и основа за бурен и квалитетен секс дома после ваков драматичен момент.

Се правите дека не забележувате. Лош избор, но пак за сметка на ова покажувате стил. Бидејќи не дека ви е сеедно, од внатре ви доаѓа да го раскинете, но наместо тоа избирате маска на целосно отсуство на било каква емоција. А ова воопшто не ви е паметно! Со начинот на однесување покажувате дека вие сте над сето ова, но само вие си знаете која е цената, нели?

Нашиот избор – Да ја оцените. Тука веќе и мажите ќе ви симнат шапка. Затоа што сте прекрасна. Бидејќи сте толку самоуверена и не ви претставува проблем да ја оцените другата жена. Таа може да е првата убавица но вие си го знаете почесното место во класацијата и никој не е во состојба да ве измести од таму ни милиметар. Освен тоа, точно на овој начин, не оставате ни капка сомнеж кај мажот, дека колку и квалитети да има жената по која се свртел, вашите се многу повеќе. Вие сте го избрале најдобриот и правилен начин – да реагирате смирено и со разбирање и ова е добитната варијанта.

Да вратите на ударот. Ова ви е последниот ас, но никако не е за препорачување, ако вашиот партнер е темпераментен и агресивен. Подобро не играјте си со оган, освен во случаите кога го фаќате по незнам кој пат, а тој секако постојано ве убедува колку многу ве сака и колку малку го интересираат останатите жени. Епа затоа и вие исто се вртите по некој згоден маж на улица, и не се правдајте дека е само од љубопитство, може да кажете дека е само осет за убавина.

Напиши коментар