Тој ве изневерува ако…
- Започнува да купува нова гардероба, иако до вчера тврдел дека старите костими и маички му се сосема доволни и вршат одлична работа.
- Наеднаш почнува да станува преамбициозен, и останува до касно во канцеларија.
- Излегува од собата кога ќе му зазвони мобилниот “Деловните партнери се јавуваат постојано”, ден и ноќ.
- Започнува да троши повеќе пари отколку до сега и се правда со инфлацијата.
- Почнуваат да го интересираат хороскопските знаци, Паоло Куељо, езотерична литература…без разлика што до скоро го негирал сето тоа.
- Седиштето во колата е со сменета позиција. Има и пикавци во пепелникот, иако тој не пуши. Ах тие бизнис партнери!
- Колата има постојано потреба од ремонт, покрај фактот што е речиси нова.
- Шефовите решиле да воспостават јапонски корпоративен систем и секој викенд го задолжуваат да присуствува на најразлични настани со цел сплотување на колективот.
- Пробува да готви, иако секогаш тврдел дека тоа не е машка работа.
- Многу почесто ве изненадува со подароци. Совеста зборува…
