After Midnight

Сега лесно ќе дознаете дали ве изневерува:)

Тој ве изневерува ако…

  1. Започнува да купува нова гардероба, иако до вчера тврдел дека старите костими и маички му се сосема доволни и вршат одлична работа.
  2. Наеднаш почнува да станува преамбициозен, и останува до касно во канцеларија.
  3. Излегува од собата кога ќе му зазвони мобилниот “Деловните партнери се јавуваат постојано”, ден и ноќ.
  4. Започнува да троши повеќе пари отколку до сега и се правда со инфлацијата.
  5. Почнуваат да го интересираат хороскопските знаци, Паоло Куељо, езотерична литература…без разлика што до скоро го негирал сето тоа.
  6. Седиштето во колата е со сменета позиција. Има и пикавци во пепелникот,  иако тој не пуши. Ах тие бизнис партнери!
  7. Колата има постојано потреба од ремонт, покрај фактот што е речиси нова.
  8. Шефовите решиле да воспостават јапонски корпоративен систем и секој викенд го задолжуваат да присуствува на најразлични настани со цел сплотување на колективот.
  9. Пробува да готви, иако секогаш тврдел дека тоа не е машка работа.
  10. Многу почесто ве изненадува со подароци. Совеста зборува…

Напиши коментар