Ако се водите од вашата љубов кон некој материјал, тогаш овој блог пост ограничено ќе влијае врз вашата одлука за избор на материјал со кој ќе биде преслечена вашата нова гарнитура. Сепак, и да е така, ве советуваме да ги погледнете карактеристиките на различните материјали за да може во првата следна прилика да расудите малку порационално.
Текстил

Технологијата за производство на текстил, го донесе квалитетот на текстилот на ниво кое може да и конкурира на кожата. Цврстината на материјалот, која долго време беше најгорливата точка, сега се решава со комбинација од природно и синтетичко влакно. Синтетичките влакна (најлон, полиестер, олефин, микрофибер) се користат заради цврстината, односно трајноста, како и заради отпорноста на нечистотија и дамки. Природните влакна (памук, волна, свила, лен) даваат пријатно чувство на допир, но се чувствителни на постојана изложеност на сонце или влага.
Денес, сериозните производители предизвикот наречен нечистотија често го решаваат со текстил кој целосно се вади и може да се пере во машина. Дополнително, најновите материјали кои ги употребуваат, вклучуваат анти-алергенски и анти-бактериски карактеристики, па дури и anti-zanzaro ефект (комарци и инсекти едноставно не се доближуваат до софата). Оние од премиум класата употребуваат и материјали што се скоро комплетно отпорни на дамки.
Кожа

Кожата традиционално се смета како квалитетен и скап материјал. Најквалитетен тип на кожа е онаа со природно крзно, обработена со растителни ткаенини. Овој тип на кожа нуди најголема трајност и помало напукнување со текот на времето. Кожата може да се разликува по неправилноста на текстурата, за разлика од оние кои се втиснати отпосле – правилните. Но, секако има многу типови на кожа, така што останува да се консултирате со производителот околу типот на кожа кој ќе го одберете.
Не заборавајте дека и кожата треба внимателно да се одржува. Бидете сигурни дека ќе го прашате производителот или продавачот на кој начин треба да се грижите за задржување на основните карактеристики на овој природен материјал. Проверете ја цената и достапноста на потребните средства пред да се одлучите.
Што се однесува до трајноста и интензитетот на боите мора да истакнеме дека кај кожата кај која се врши втиснување на текстурата отпосле, бојата со тек на време го губи својот интензитет, за разлика од другиот тип на кожа со природна неправилна текстура
Изборот на пазарот е голем. Достапност на бои и дезени секогаш е важен фактор, затоа при следниот избор добро информирајте се и донесете ја вистинската одлука.
