After Midnight

Секс (без) граници

Многумина се прашуваат дали пречесто или преретко имаат секс. Одговорот е пред вас.

Зачестеноста на сексуалните односи е добра ако со неа се задоволни обата партнера. Значи, зачестеноста не е баш нешто за кое би требале да се распрашуваме кај другите. Исто така, разбирливо е дека од својот сексуален живот нема да направите нешто пропишано, нешто што треба секојдневно да се исполнува.

ШТО Е НОРМАЛНА ЗАЧЕСТЕНОСТ?

Вообичаената мера е два до трипати неделно. Меѓутоа, многумина тоа го прават и почесто. Некои се придржуваат до прилично утврден период од денот, додека по паузирањето за многумина викендите се многу поживи по тоа прашање.

Ако практикувате секс помалку од двапати неделно тоа би можело да значи дека вие извлекувате повеќе од целата приказна, освен доколку знаете од сопствено искуство дека помалата зачестеност на сексот е она што вие би го сакале.

КЛАСИЧНИОТ ОРГАЗАМ НЕ ВЕТУВА ЧЕСТ СЕКС

Луѓето, кои строго се придржуваат до коиталниот оргазам, обично се решаваат на помалку свршувања од оние чиј коитус е изменет со оралните, мануалните и останатите облици на сексуални игри, бидејќи тоа го зголемува бројот на постигнати оргазми кои повеќето мажи можат да ги доживеат.

Би морале да ја побарате својата сопствена сексуална комбинација која зависи од вашите реакции: ако едниот од вас бара повеќе секс, неговите (или нејзините) потреби можете да ги подмирите со дополнителни техники и така потребите на партнерот да ги ускладите со своите.

Се разбира, со годините зачестеноста се намалува, но не постои возраст во која не би било пожелно понекогаш, во некоја посебна прилика, да се изненадите самите себе си. Поради тоа не се измачувајте со размислувања за зачестеноста на вашите сексуални односи (и не се грижете ако вашите пријатели ви кажуваат дека тоа го прават почесто од вас).

ДАЛИ Е НОРМАЛНО ТОА ШТО СО ТЕКОТ НА ВРЕМЕТО ИМА СÈ ПОМАЛКУ СЕКС?

Сексот не е собирање поени. Морате да бидете свесни за фактот дека ќе има моменти во кои вашиот партнер или вие едноставно ќе немате волја. Поради премореност, презафатеност… Поради тоа не си наметнувајте, ни себе си, ниту на другите, никакви распореди и одредени времиња. Едноставно размислете за тоа што точно сакате. Значи, вреди да се следат своите чувства.

Замката е во следново: повеќето од нас добро знаат (без разлика дали некаде сме прочитале или ја следиме интуицијата) дека сексуалната желба осцилира, а со годините најчесто исчезнува. Поради тоа, добро е да се сфати дека е невозможно непрестајно да се надградува и зачувува привлечноста. На ниво на телото, хемиските процеси се оние кои ја одредуваат зачестеноста на сексуалните односи. Многу ќе постигнете со тоа што ќе сфатите дека со годините е потребно сè повеќе да се вложува во партнерството и побудувањето сексуални желби меѓу вас.

 

 

Напиши коментар