Употребата на еротски играчки не е нешто што е прифатено како вообичаена сексуална пракса. Нашето општество е во конфликт со самото себе околу гледиштата и прифаќањето на различните афинитети во сексуалноста. Затоа не е ни чудно што на интернет има толку несогласувања и различни интерпретации.
Помеѓу митовите најчест е оној дека употребата на еротски играчки е нешто перверзно и болно. Но, нивната распространетост докажува дека тоа не е ништо патолошко и неприродно. Исто така постои мислење дека хомосексуалците повеќе и почесто употребуваат еротски играчки што не е вистина.
Сами или во пар
Понекогаш едниот од партнерите има предрасуди околу користењето на еротските играчки. Така, на пример, многу мажи мислат дека ако нивната партнерка има вибратор тогаш тие “не си ја знаат работата“. Се плашат дека не можат да ја задоволат и дека на партнерката сексот и станал досаден. Доколку мажите пак сакаат да воведат вибратор во креветот, на жените им е понекогаш срам, а постои можност и да се открие тајната дека единствено со вибратор доживуваат оргазам.
Повеќето предрасуди се базирани на мислењето дека единствениот вистински секс е “природниот секс“. Наместо да се оптеретувате и да пресудувате за “добар“ и “лош“ секс, фокусирајте се на можностите кои ви ги нуди денешницата и сексот со партнерот. За тоа треба да размислувате така што ќе верувате дека еротските играчки се средство со кое ќе ја истражувате својата сексуалност и ќе уживате. Ако сакате да ги користите во пар важно е и двајцата да се согласувате околу тоа, а треба да ги користите на начин што нема да предизвика повреди. Таквата отвореност може само да ве направи поблиски и да ви донесе еден нов вид на интимност.

Инстантно задоволена потреба
Интересно е да се види како се менуваат ставовите и употребата на еротските играчки и порнографијата низ времето. Во 60-те години од минатиот век, на пример, порнографските филмови се снимани и гледани поради самата сексуалност која била неистражена, односно гледањето имало едукативна функција. Во седумдесеттите и осумдесеттите порнографијата била присутна во кината како забава за новите генерации кои барале и пронаоѓале забава во сексот и сексуалноста. Денес гледањето порнографија е најчесто условено од желбата за брзо задоволување на сексуалната потреба. Едукативната и забавната функција е заменета со чисто сексуална функција.
Некои поради тоа сметаат дека сексуалните играчки и порнографијата се компензација за интимниот партнерски однос. Други мислат дека модерниот човек во денешно време е многу по избирлив и љубопитен во однос на својата сексуалност. А, доколку ги поврзувате еротските играчки со самците мораме да ве разубедиме и да ви кажеме дека 35% од оние кои користат еротски играчки, првите ги купиле и испробале со својот партнер.
