Сексуалните сонови ја откриваат вашата желба и анксиозност. Вашата потсвест ги користи сите сурови, страсни ситуации за да ги разреши емоциите со кој кога сте будни можеби и не се соочувате.
За да научите нешто од вашите соништа со помош на познатите светски сексолози за Вас ги декодиравме најчестите сексуални сценарија.
Секс со шефот
Ако сонивате дека се мазите со вашиот претпоставен во канцеларија не значи дека и навистина имате намера со него да бидете интимни. Овој сон всушност значи дека сакате да бидете поафторитетни во сопствениот живот. Во вообичаени сништа спаѓа и секс со колега. Во реалноста него не би сакале ни да го бакнете, вакво доживување укажува на тоа дека таа личност има нешто во кое вие се воодушевувате или му завидувате. Не е тој предмет на Ваша желба, туку она што тој поседува, вели експертот за соништа Лори Квин Лонберг, авторот на книгата „Откривање на сништата“.
Секс со бившиот
Овој сон може да Ви значи расчистување со емоциите кон бившиот, особено ова е случај доколку Вие не сте иницијатор на раскинувањето. Најчесто е некој вид на согледување, ретроспектива на Вашата врска. Бившиот ви се појавува обично кога во моменталната врска ќе влезете во рутина. Овој сон Ви кажува дека е време малку да го оживите емотивниот и сексуалниот живот со Вашиот моментален партнер, вели Лонберг.
Секс со странец
Овој сон зборува за Вас, дали сте направиле скоро нешто што барало големо жртвување, храброст, упорност? Сексот со непознат е знак дека сте задоволни со Вашето достигнување, на она што неодамна сте го направиле во својот живот. Но ако странецот е некоја позната личност, на пример Бред Пит, тогаш немојте да се изненадите ако се испостави дека сте нарцисоидни, вели Мунберг.
Секс за осуда
Некогаш не би го измамиле вашиот сопруг/дечко но сепак сонувате дека водите љубов со неговиот најдобар другар. Одговорот можеби е во тоа што Вие сакате вашиот љубен да има особини на неговиот пријател. Можеби тој човек е добар во работи во кој вашиот партнер е невешт. Овој сон е добар повод за разговор со вашиот партнер за да тој стане повнимателен кон Вашите потреби, советува О’нил.
Секс на јавно место
Среде секс сфаќате дека сте на јавно место и дека сите очи се вперени кон Вас. Ако во сон во присуство на други луѓе се почувствувате непријатно, можеби се грижите дека луѓето околу вас трачарат за вашата врска. Од друга страна пак ако тоа што сте изложени на посматрање ви предизвикува нечисто чувство, тогаш значи дека чезнеете да зборувате пред луѓето за својот возбудлив сексуален живот. Размислите дали е сонот само проекција на реалноста или можеби опомена.
Секс со жена
Хомосексуалните сонови не значат дека навистина сте склони кон хомосексуалноста туку открива колку се гордеете со својата женственост, на некои достигнувања врзани за вас како жена. Неочекувано тие се чести за време на бременоста. Присетете се што сте правеле претходниот ден. Ваков сон ќе ви открие со што сте задоволни, а сексот ви симболизира потреба тој квалитет да го прифатите како дел од вашата личност.
